Почина Микеле Фереро првиот човек на империјата на „Nutella“


Микеле Фереро, сопственик на глобалното царство на чоколада и колачи почина во саботата во 89-та година од животот, во својата куќа во Монте Карло, по долго боледување, објавија од неговата компанија „Ferrero“.

Неговото богатство според деловниот магазин Forbes, кој го нарече најбогатиот слаткар на светот, во мај 2014 година го процени на 23,4 милијарди долари и го стави на 30-то место на најбогатите луѓе во светот, додека според The Bloomberg Billionaires Index lists неговото богатство е проценето на 26 милијарди американски долари.nutela gazda

Веднаш во италијанските медиум започнаа нагаѓањата дека смртта на Микеле Фереро ќе предизвика можеби проблеми околу изборот на неговиот наследник на челната позиција во компанијата, а можеби и проблеми во семејната компанија „Ferrero“ која постојано расте и покрај најдолгата италијанска рецесија од Втората светска војна.

Ова компанија, покрај препознатливиот крем „Nuttela“, ги поседува и брендовите за пралините „Ferrero Rocher“, чоколадните јајца „Kinder Eggs“, како и „Mon Chéri“, „Kinder Chocolate“ и „Tic Tacs“, а аналитичарите и банкарите ја сметаат за највредната приватна компанија во Италија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1