Модниот креатор Азедин Алаја, родум од Тунис, почина на 77 години. Тој е креаторот кој облекуваше многу од популарните ликови во Холивуд. На неговиот моден стил не беа имуни ни дамите од Белата куќа.
Алаја со децении беше фален ширум Париз и покрај тоа што не учествуваше на модните ревии ниту водел впечатливи кампањи.Меѓу омилените манекенки му била Наоми Кембел, додека Мишел Обама ги носеше неговите креации додека беше прва дама на САД.