Почина највисоката жена на светот


Највисоката жена на светот, Јао Дефен од Кина, која беше висока 2,33 метри кога во 2010 година влезе во Гинисовата книга на рекордите, почина во 40-та година од животот, објавија локалните власти.

„Јао Дефен починала кон половината на ноември”, изјавил портпаролот на владата во местото Шуча, во источната кинеска провинција Анхуи, неможејќи да ја наведе причината за нејзината смрт, пренесува во средата AFP.

Гинисовата книга на рекорди ја регистрираше Јао како третата највисока жена на сите времиња.

Лекарите открија дека нејзината височина е предизвикана од туморот на хипофизата. Со притисокот на оваа жлезда, туморот може да предизвика прекумерно лачење на хормонот за растење.

Дневниот локален весник во градот Анхуи пишува дека Јао Дефен починала на 13-ти ноември, и дека пред смртта достигнала височина од 2,36 метри, додавајќи дека уште на 15 годишна возраст била повисока од два метар

Макфакс

Почина најстарата жена во светот – мирно и задоволно замина, вели нејзиниот син

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1