Почина напаѓачот кој се обиде да киднапира дете, Бразил ја слави полицајката ВИДЕО


Жена чие дете во саботата во Сао Паоло се обидел да го киднапира вооружен напаѓач е полицајка која во тој момент не била на должност, но имала пиштол кај себе и го ранила напаѓачот.

На напаѓачот Еливетон Нивес Мореира (21) му се спротивставила полицајката Силва Сасре (42).

Кога Еливетон вперил оружје кон децата и мајката, таа од торбата извадила пиштол и испукала три куршуми. Повредениот напаѓач паднал на улица, испукал два куршуми и конечно ги кренал рацете давајќи знак дека се предава.

Силва потоа повторно го вперила пиштолот во момчето, го свртела на стомак и повикала засилување.

– Напаѓачот пукал еднеш, но тој куршум рикошетирал. Кога втор пат се обидел да пука, пиштолот се заглавил. Фала на Бога што била побрза, зошто кога напаѓачот сфатил дека пред него има полицаец, тој пука за да убие – изјави Андре Алвес, сопруг на Силва, кој е исто така полицаец.

Еливетон неколку часа подоцна почина во болница, а Силва, која е мајка на две девојчиња, ја слави цел Бразил. Трезвената полицајка, зад која се 20 години стаж, ја спасила групата мајки со деца, кои немале шански против овој вооружен напаѓач.

Гувернерот Марсио Франса и честиташе на храбрата полицајка, ја пофали нејзината храброст и техника и и врачи цвеќе, но исто така изрази и жалење за смртта на напаѓачот.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1