Почина новинарот и радио водител Стојан Тренчевски


Познатиот новинар и радио водител Стојан Тренчевски, основач и Претседател на граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза” починал денеска.

Тренчевски е мошне познат новинар и хроничар со богат век, кого го нарекуваа „Син на Мајка Тереза”. Неговото име е синоним на новинар и радио водител кој целиот свој работен век го посветил на следење на историските настани и личности од денешницата.

Меѓудругото, го следеше ликот и делото на Мајка Тереза, соработуваше со Тоше Проески, а остави печат по преносот што на Македонско радио го изврши на денот на осамостојувањето на Македонија. Напишаните 20-тина книги, стотици радио репоражи, филмови, интервјуа, фељтони, разговори , тоа се незаборав и времеплов, негов прилог за богатството на македонската журналистика.

stojan-trencevski500

Феноменот на Мајка Тереза ќе останеше недоволно познат кај нас доколу Тренчевски не беше првиот новинар пред повеќе од три децении кој почна да го истражува и следи патот и хуманоста на Блажената, и сето тоа да го презентира пред македонската јавност. Во 1975 година како студент, волонтер на Македонскиот Црвен крст  учествувал на собирот на хуманисти на Меѓународен црвен крст во Женева. Тогаш за првпат слушнал, ја запознал,  и дознал за големата хуманистка од Индија, родена во Скопје со крстеното име Гонџа Бојаџиу. Понатаму целосно се посвети на ликот и делото на Мајка Тереза. Затоа, како  нејзин следбеник го нарекуваа „Син на Мајка Тереза”.

– Ако родителите, мојата мајка и татко, ме создале и воспитале, добрината и универзалната љубов на Мајка Тереза го исполнуваат мојот живот. Помислата и пораката „ не е важно, прави добро, љубовта може се” пред мене го поставува прашањето што јас сум направил за радост и среќа на другите. Добрината, хуманоста, човекољубието се возвишени вредности на секое време. Македонија е библиска земја, со многу светци, јунаци, дејци. Секој на свој начин треба да остави траги во своето векување. Мајка Тереза и Тоше Проески се великани на добрината. Среќа е што двајцата се од иста татковина. Во божествените височини нека се грижат за љубовта за да им ја даруваат на луѓето. А хуманист и љубов- никогаш доста, беа зборови на Тренчевски.

На негова иницијатива, се оствари и неговата идеја и желбата  да се изгради спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје, како и желбата да се изгради храм на Тоше во родното Крушево.

Погребот ќе се одржи утре во 12.30 на Градските гробишта – Бутел

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1