Жестоко убиство во Бугарија: Ја заклал партнерката, па сакал да се самоубие


Жестоко убиство го потресе селото Виево во близина на Смолјан синоќа. 50-годишниот Маријан ја заклал својата партнерка 45-годишната Соња Димитрова. Тој неколу пати ја пробол со нож по што и го го отсекол вратот.

ubistvo500

Како што пренесува Блиц.бг откако видел дека Соња е мртва, Маријан започнал да бега, по што решил сам да си пресуди. Прво го искористил ножот со кој ја убил девојката, но откако не успеал, се обидел да се обеси со врвките од обувките, но и тој обид завршил неуспешно.

Во меѓувреме бил пронајден од полицијата и уапсен. Селото Виево е шокирано од овој немил настан. Мештаните велат дека Маријан и Соња често се расправале.

-Често се расправаа, минатата година Марјан ја избоде со нож но таа преживеа. Овојпат успеа во намерата, изјавила нивна соседка за Блиц.бг.

Неофицијално, Маријан бил многу пијан за време на злосторството, па дури отпосле сфатил што направил.

Полицијата го истражува убиството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1