Американскиот дизајнер од доминаканско потекло, Оскар де ла Рента, почина на 82-годишна возраст, јави британската телевизија Би-Би-Си.
Рента, кој важи за едно од најголемите имиња во современата модна индустрија, е роден во Доминиканската Република на 22 јули 1932 година.
Тој со своите креации стана претпознатлив во 60-те години на минатот век, кога за првпат „ја облече“ тогашната прва дама на САД, Жаклина Кенеди.
Една од последните креации на Рента беше венчаницата на адвокатката Амал Алмадун, што таа ја носеше на нејзина свадба со актерот Џорџ Клуни.