Почина полицаецот со големо срце – го научи Балканот што е хумност


Приказната на полицаецот Санјин Рашидовиќ и „малата Аника”, бездомното девојче со ромско потекло која лани го освои Балканот, за жал заврши со трагичен крај.

Полицаецот почина на возраст од 47 години, а неговата ненадејна смрт сите ги остави во шок и неверување.

Со ова, за жал, пријателството меѓу него и Аника доби трагичен крај.

anika i policajacДенеска овој хуман полицаец со огромно срце ќе биде закопан на гробиштата во Горажде, Босна и Херцеговина, а во продолжение потсетете се на приказната за ова неверојатно пријателство која го освои цел Балкан.

„Мала Аника…
Во последно време во градот се појави малата Ромка Аника (или како што вели има уште едно име, но не го знае) со која станав „другар”, често разменуваме по некој збор. Весела е секое утро, понекогаш ненаспана, секогаш босонога, со несредена коса. Пред два дена, мојата другарка дојде среќна да ми ја покаже новата гумена ракавица околу раката.

Неколку дена подоцна доаѓа гордо да ми ја покаже новата со пластичен привезок. Со тоа е среќна. Аника има 5 или 6 години, не знае ни таа, не е запишана во книгата на родените, па трча босонога околу столовите, не сака да оди во школо, навечер останува во картонска кутија без струја, вода, телевизор, компјутер… Нема грижа дали родителите ќе и ја дополнат сметката бидејќи нема мобилен. Среќна е кога не е гладна.

Нашиот секојдневен поздрав е „Sohi – Soccere” на ромски јазик: „Здраво- како си”. Ако нешто јаде доаѓа и ме прашува дали сум гладен, нудејќи ми половина сендвич. Кога ќе ја однесам да јаде, вели дека не знае да користи нож и виљушка. Ако е жедна, задоволна е и со чаша вода, иако понекогаш гордо во одење знае да се напие и сокче…

anika i policajac3Аника, или како и да се вика, не ги знае буквите, не знае што се игри за компјутер, нема родители кои секој ден со автомобил ја возат во училиште, не знае каков е проблемот кога нема ВИ-ФИ мрежа, никогаш нема да оди да учествува на школска приредба каде родителите или родните се горди. Соседите никогаш не ја виделе во ново фустанче. Нејзе никој не ја учи да чита и пишува, таа нема дом, а нема ни фустанчиња…

Не имала, но ќе има… Денеска јас и мојот другар Нино ја сретнавме и таа е среќна што зборуваше со нас и рече дека и е драго што има пријатели како нас. Отидовме до продавница, Аника гордо избираше пантолони и фустанчиња, се избриша со влажни марамчиња и беше „вистинско” девојче. Подоцна ја сретнав и ми кажа дека нашла „балетанки” кои и се допаѓаат и тогап ги купивме и нив со чорапчиња со иста боја па среќно ми рече дека е многу задоволна и гордо се шеташе со мене.

Кога подоцна, во едно за мене посебно убаво друштво пиев кафе, таа дојде и повторно со влажното марамче го избриша лицето, гордо, научила тоа да го прави, а на малечките прстиња покажа дека ги налакирала ноктите. Многу од нас можеме да научиме од неа.

anika i policajac2

Таа има искрена насмевка, кога е среќна тоа и го покажува, нема маска на лицето како повеќето луѓе, не знае да биде лицемер, таа се бори за да преживее…

Ќе порасне на улица, босонога, спремајќи се за борбата со животот на улица, бидејќи немала среќа да има родители кои имаат нормален живот. Таа расте со луѓето на улица и гледа како луѓето се однесуваат со неа, некој дрско, некој убаво. Таа не се грижи за вашите „проблеми”, зошто морате секој ден да одите на добро платена работа, не сте отишле на фризер, козметичар, не сте платиле рата за кредит на време и за можеби некоја непотребна своја постапка.

Таа е само една девојка која се бори да преживее. Ниту еден фризер не сака да ја однесам за да ја среди. И жал ми е за Аника и таквите деца, кои се најслатки во тие години, кога поставуваат милион прашања, но на нивните прашања никој не дава одговор. Сите ќе и свртат грб, но таа и понатаму неуморно ќе продолжи да талка по улиците борејќи се да преживее.

Мојата другарка Аника е вистински борец, би сакал кога некое семејство би можело да ја вдоми, па и таа како и сите ние да има свои соништа. Со среќа нека и е и среќата нека ја прати”.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1