Почина поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис


Поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис почина минатата ноќ на 98-годишна возраст, соопшти рано изутринава неговото семејство.

Во кусото соопштение се наведува дека Мицотакис починал во еден часот по локално време (полноќ по средноевропско време), без да се посочат детали за причините за смртта.

Мицотакис, кој е роден на 18 октомври 1918 година, речиси 60 години играше активна улога на грчката политичка сцена. Тој од политиката официјално се повлече во 2004 година, кога истече неговиот последен мандат како пратеник.

Од 1984 до 1993 година Константин Мицотакис беше лидер на грчката конзервативна партија Нова Демократија, а од 1990 до 1993 година и премиер на Грција. Претходно, во неколку конзервативни влади тој ги извршуваше функциите министер за финансии и за надворешни работи.

Неговиот син Киријакос Мицотакис е актуелан лидер на Нова демократија, а неговата ќерка Дора Бакојани е поранешен министер за надворешни работи и за култура и некогашен градоначалник на Атина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1