Поскапуваат горивата


Бензините од полноќ поскапуваат за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар „еуродизел БС“ од 95 октани изнесува 64 денари, додека за литар „еуросупер БС“ од 98 октани од полноќ ќе се плаќа по 66 денари. Цената на „еуродизел (Д-Е V)“ ќе изнесува 50,50 денари, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 39 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,130 денари по килограм и ќе изнесува 26,382 денара.

Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,91 процент.

РКЕ ја утврди новата цена на бензините врз основа на движењата на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и курсот на доларот во однос на денарот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1