Почина последниот преживеан од Треблинка


Самуел Виленберг, последниот преживеан од Треблинка, нацистичкиот логор во кој се убиени 875.000 лица, починал вчера на 93 години, соопшти неговото семејство.samuel-vilenberg1-640x360

Виленберг, чие воено име е Иго, бил израелски скулптор и сликар, по потекло од Полска, поранешен затвореник во Треблинка и последниот преживеан за време на опасното бегство на затвореници од тој затвор.

Тој бил меѓу групата Евреи, кои во 1943 го запалиле логорот и тргнале кон блиската шума.

Над стотина успеале да побегнат, но поголемиот дел биле убиени од нацистите на минско поле. Во интервју за АП, Виленберг објаснил како бил погоден од куршум во нога додека се прекачувал преку оградата од бодликава жица.

Во педесетите години од минатиот век заедно со сопругата и мајката емигрирал во Израел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1