Почина познатиот композитор


По кратка и тешка болест, вчера во Белград почина композиторот, аранжер, инструменталист и пејач Миодраг Миќа Николиќ.

Роден е во Шабац на 21 април 1958 година, а веќе на 14 години станал член на продукцијата РТБ.

Беше прв солист на оргули во Европа, а зад себе остави илјадници песни, од кои најпознати се „Лепотица града“ (Шабан Шаулиќ), „Како ми недостајеш“ (Харис Џиновиќ), „Ти, она и ја“ (Снежана Ѓуришиќ), „Среќо моја, моје злато“. Направи и неколку албуми за Верица Шерифовиќ, со која своевремено беш и во брак.

Николиќ зад себе ги остави синот Саша, исто така композитор, ќерката Ивана и сопругата Љиљана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1