Lucille Bliss жената која го позајмуваше својот глас за многу анимирани ликови и со години беше гласот зад Штрумфета од популарниот цртан филм Штрумфови, почина.
Луциле почина на 96 годишна возраст но нејзиниот глас ќе продолжи да живее во ликовите кои ги толкуваше, освен во Штрумфови таа го позајмуваше својот глас и за улогата на Анастасија во Пепелашка и Јагода во филмот Аватар.
Прв пат го позајмила својот глас во цртаниот филм ос 1950 ,,Crusader Rabbit,,.
Работеше со Disney и Hanna-Barbera но учествуваше и во неколку анимирани филмови на Warner Bros. и MGM
Најдраги улоги и биле во Пепелашка и секако Штрумфета на која и го позајмуваше гласот цели 8 години.
Светот на анимацијата загуби еден навистина уникатен глас, неповторлив, велат нејзините колеги.