Почина сопственикот на ТВ Б92 и Прва


Основачот и сопственик на грчката компанија Антена груп, Минос Кирјаку на која припаѓаат и српските ТВ Прва, ТВ Б92 и Плеј Радио ненадејно почина во 75. година.

Семејството Кирјаку издаде и соопштение за јавност во кое се наведува дека со „голема тага се простуваат од саканиот Минос кој почина наеднаш како последица од срцев удар доцна попладнево“.

Веста ги затекна и бројните вработени во компаниите на Минос Кирјаку, ценет грчки бродосопственик и медиумски магнат.

Минос Кирјаку во грчката јавносе т познат по бројните бизнис предизвици, а посебно по основањето на најголемат априватна телевизија АНТ1. Беше претседател на Грчкиот олимписки комитет од 2004 до 2009 година, како и претседател на Панхеленската гимнастичарска асоцијација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1