Скопје на нозе: Детали за силниот земјотрес што ги вознемири скопјани


По трите денешни земјотреси во Охрид, Точно во 13. 18 часот земјотрес го стресе и Скопје. Според грчките сеизмолози пои први го регистрираа земјотесот бил со јачина од 5,1 степен по Рихтер и бил на македонска територија, некаде во охридскиот регион.

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје при ПМФ регистрираа земјотрес со јачина од 5 степни по Рихтерова скала, денеска точно во 13 часот и 18 минути. Земјотресот е на 5 километри североисточно од охридското село Косел, односно 12 километри од Охрид, во длабочина од 10 километри.

Земјотресот го потврдија и сеизмолозите од соседните земји Албанија и Грција.

Ова е четврити и најсилен земјотрес денеска во охридскиот регион.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1