Почина старецот кој пред една недел беше брутално претепан на Кеј


Вчера во 13.18 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на вработена во Невро-хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека на одделението починал С.М. (66) од Скопје, кој бил примен на 3.овој месец во 08.30 часот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 3.08.2018 година во 03.00 часот С.М. пријавил дека истиот ден околу 02.00 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди(модринка на левото око и расекотина на десниот образ).

По преземени мерки лицето било пронајдено и било утврдено дека се работи за А.Б. (43) од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1