Тригодишно девојче вчера било донесено без знаци на живот во Медицинскиот центар во Струга.
СВР Охрид денеска соопшти дека во 10 часот и 20 минути од болницата пријавиле дека 25-годишната А.Ј. од Шведска го однела починатото девојче.
Според информацијата на телото на девојчето немало траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.