Улични музички легенди… Талентирани момци кои на ваков начин со улицата како сцена мораат да си го вадат лебот.
Еден од нив до неодамна беше и Боби, или Слободан Симоновски – Цобе, кој можевме да го забележиме на влезот во Градскиот трговски центар каде што настапуваше заедно со Ванчо Арсов. Велам настапуваше затоа што Боби веќе не е меѓу нас. Почина на 42-годишна возраст. Музичарот на својот репертоар ги имаше музичките нумери и на домашните и на странските гупи и пејачи.
– Отпрвин свиревме само странски песни, претежно рокенрол и класици, арно ама народов не знае странски, слабо ги прифаќа и по автоматизам немаше бакшиш. Поради тоа, се префрливме на македонски и југословенски песни, па почнаа луѓето да даваат по малку. Се приспособуваме на желбите на народот – велеше Слободан.
Свирачот од ГТЦ: Немам семејство, ни пријатели – студот ми е душман, а музиката дом!
Во младоста членувал во групата „Катанга“, така што цел живот се занимавал со музика. Таа е неговата љубов. Не се оженил, а имало и период кога сакал да се замонаши. Во разговор за еден медиум вели дека се обидел да живее во манастир како искушеник и се откажал од сѐ, но не успеал.
Не можел да се откаже од жените, кои пак немале разбирање за неговата професија. Многупати добивал поддршка и бакшиш од неговите колеги кои движејќи се во трговскиот центар подзастанувале да го слушнат и го бодреле да продолжи да го работи тоа што навистина добро го прави.
Улични музички легенди… Талентирани момци кои на ваков начин со улицата како сцена мораат да си го вадат лебот. Среќни и насмеани лица со еуфорија, будачи на добро расположение во депресивното сивило. Некогаш ги одминуваме, некогаш металната паричка се судира со жешкиот асвалт, ама нема шанса да не ги забележиме.
Еден од нив до неодамна беше и Боби, или Слободан Симоновски, кој можевме да го забележиме на влезот во Градскиот трговски центар каде што настапуваше заедно со Ванчо Арсов. Велам настапуваше затоа што Боби веќе не е меѓу нас. Почина на 42-годишна возраст. Музичарот на својот репертоар ги имаше музичките нумери и на домашните и на странските гупи и пејачи.
– Отпрвин свиревме само странски песни, претежно рокенрол и класици, арно ама народов не знае странски, слабо ги прифаќа и по автоматизам немаше бакшиш. Поради тоа, се префрливме на македонски и југословенски песни, па почнаа луѓето да даваат по малку. Се приспособуваме на желбите на народот – велеше Слободан.
Во младоста членувал во групата „Катанга“, така што цел живот се занимавал со музика. Таа е неговата љубов. Не се оженил, а имало и период кога сакал да се замонаши. Во разговор за еден медиум вели дека се обидел да живее во манастир како искушеник и се откажал од сѐ, но не успеал. Не можел да се откаже од жените, кои пак немале разбирање за неговата професија. Многупати добивал поддршка и бакшиш од неговите колеги кои движејќи се во трговскиот центар подзастанувале да го слушнат и го бодреле да продолжи да го работи тоа што навистина добро го прави.
– Најредовно пари ни остава Боки 13. А чести се и Владо Јаневски, Росана, Верица Ристевска, Џокси, Антонио Димитриевски, Зафир Хаџиманов. Некои, пак, секогаш нѐ бодрат и ни велат да продолжиме така и понатаму, како што се Венко Серафимовски, Канго, Петар Ренџов.
Извор: Република.мк