Починала, бидејќи била премногу дебела за да лета со авион (Видео/Фото)



Вилма Солтек , американка била на одмор во Унгарија со нејзиниот сопруг Јанош и таму починала поради проблеми со бубрезите, откако авиокомпанијата одбила во три наврати да ја однесат на Њујорк.

Авиокомпаниите одбиле да ја превезуваат со авион бидејќи немале седиште за неа – тешка била 192 килограми.

Нејзиниот сопруг е лут бидејќи за иронијата да е поголема 56 годишната жена, која поради здравствените проблеми имала само една нога и се користела со инвалидска количка, немала проблеми да дојде со авион до Унгарија со авиопревозниците Делта и КЛМ, а кога здравјето и било загрозено и морала да се врати назад не сакале да ја качат на авионот.

тие купиле дури 3 карти – една за сопругот и две за жената но авиокомпанија КЛМ одбила да и одобри бординг со изговор дека седиштето не може да ја издржи тежината и дека не постои појас со кој ќе може да ја врзат.

Уште потрагично е што жената веќе се качила во авионот но било побарано од неа да го напушти со ветување дека ќе им се обезбеди место на вториот лет.

Тие на аеродромот поминале пет часа по што им рекле дека нема место ни на вториот лет и им предложиле да се вратат во Прага и таму да побараат да летаат со Делта. Ни тие не сакале да и одобрат да лета па ги упатиле на Lufthanzin со лет преку Франкфурт.

Тие и одобриле но дури ни со помош на пожарникарите не успеале да ја сместат на трите седишта кои и ги доделиле.

Девет дена по првиот обид да патуваат назад за Америка, сопругот Јанош ја пронашол Вилма мртова.

Ниту еден од нив не сакал и не дал согласност таа третманите и лекувањето да ги продолжи во Унгарија.

Јанош најмил адвокат и ги тужи авиокомпаниите, бара оштета од милиони долари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1