Починала по 42 годишна кома, семејството постојано била покрај неа


 

Едвард Обара починала по 42 годишна кома. Низ целиот тој период за нејзе се грижела нејзината мајка, за чија љубов е напишана и книга.


Во 1970 година, Обара имала алергиска реакција на лек против дијабетис. На почетокот само повраќала, но набрзо потоа неповратно паднала во кома. Пред тоа, од нејзината мајка добила ветување дека никогаш нема да ја напушти.
Кејни во следните 40 години секојдневно се грижела за нејзината ќерка, молејќи се за неа и надевајќи се дека еден ден ќе се разбуди.


Ја хранела преку цевки и читала и пуштала музика, се обидувала да разговара со неа. Пред четири години во 80 години од животот Кејни починала покрај нејзината ќерка. Нејзината несебична посветеност за ќерката била инспирација за докторот Вејни Диера да ја напише книгата „Ветување си е ветување“, Неверојатна приказна за безрезервната мајчина љубов и што истата може да не научи.
По смртта на Кејни, за Обара продолжила да се грижи нејзината сестра Колин,
„Не размислував ни секунда, па таа ми беше сестра“, изјавила Колин, додавајќи дека ја имала најдобрата сестра во светот и дека си заминала со голема насмевка на другиот свет.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1