Гигантски скелети пронајдени под Атина: Доказ за Митски раси


Џери и Кети Вилс неодамна завршија со своите најнови истражувачки проекти во Бугарија и Грција и успеаа да снимат три неверојатни интервјуа. Џери Вилс кој е извршен продуцент на Xpeditions TВ, соработува и во шоуто на Кевин Смит.

 Џери е познат како исклучително внимателен и бестрашен истражувач и гонител на вести кои што и покрај тоа што некогаш знаат да се најдат во централните вести, обично е игнориран од страна на меинстрим медиумите. Заедно со неговата сопруга постојано се наоѓаат во ризични експедииции, за да дојдат до добра приказна.
Едно од интервјуата кое што тимот на Вилс успеа да го пренесе е она за неверојатниот насан кој што се случил во 1997 година во Атина, при ископувањата на тунелот за изградба на ново метро.

При копањето на градежните работници, тие пробиле низ ѕид, по кој што бил дел од една огромна просторија. Просторијата излегла дека била голема гробница, а во неа биле закопани околу 100 тела, кои биле поставени во ред.
Експедицијата оценила дека ова не било масовна гробница, туку добро подреден гроб. Телото било долго околу пет метри и облечено во антички атинска облека. Алатките и оружјата, исто така биле наводно поставени со органите во гробот.


Според сведочењата на истражувачкиот тим, штом била пронајден гробот, сите работници кои што работеле на тунелот, им било наредено да ја напуштат просторијата, освен одреден персонал, за кој што се претставувал дека бил назначен од надредени институции. Веднаш по големото откритие пристигнале црни комбиња, камиони, лимузини. Непознт персонал влегол во просторијата, а кога си заминале, целиот гроб бил испразнет. Го немало повеќе гигантскиот скелет. Немало аретафакти, немало ништо. Додека престојувале во Грција, Џери и Кети дознале дека Грците биле лишени од фактите и пронајдоците за таканаречените гигантски антички богови.

Тие велат дека нивните антички богови биле луѓе со напредни вонземски технологии, и на тој начин нивните предци ги почитувале како богови. Појавуваќи се во шоуто на Кевин Смит, по нивното враќање од Атина, Џери и Кејти му соопштиле дека Грците им пренеле за тоа дека не можат да го разберат остатокот од светот,кога говори за тоа дека ова се приказни за таканаречени митски богови
„Тамошните луѓе, оние кои што во мал дел беа запознаени со ваквата материја, ни изјавија дека овие богови биле вонземски луѓе и дека остатокот од светот ги има погрешно протолкувано ваквите информации“.
А за информациите дека во 1997 година се градело метро во Атина постојат голем број на докази. Всушност од 1994 година па се до денес постои експанзија на метро системот во Атина.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1