Се фарбала сама дома – добила алергија и по 1 година во кома, починала (Фото)


 

Џули Мкејб (38), мајка на две деца паднала во кома откако си ја офарбала косата. Се здобила со потешкотии во дишењето, претрпела срцев удар и добила оштетување на мозокот.

Докторите морале да ја прикачат на апарати за оддржување на живот и и дале само 8% шанса да се разбуди. Нејзиното семејство обвини дека paraphenylenediamine (PPD) е хемикалијата која ја имало во производот L’Oreal фарбата за коса, која ја предизвикала ваквата екстермна реакција. Гигантската козметичка фабрика се понуди на медицинскиот персонал за каква било информација при истрагата.
Нејзининото семејство ќе ја тужи компанијата, со цел да се тргне нивниот производ од продажба во Велика Британија.
Тие сметаат дека алергијата на косата би можела да се случи во секое време и тестирањата на секоја боја може да влијае на кожата кај секого. Дополнуваат дека производителите мораат да направат дополнителни напори за да ја подигнат свеста и да ги подобрат тестирањата.
Алергијата се појавува многу ретко, може да се појави кај еден на 250,000 луѓе, а во повеќето случаи ефектот е блага иритација на кожата. Алергиската реакција не може да се појави по првиот пат на користење на производот, но по неколку намени може да се увидат сериозни иритации.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1