Почнаа со работа игралиштата на песок на градските плажи


Одбојкарските игралишта на песок при Градска плажа „Парк“ и „Камен мост“, и ракометно – фудбалското игралиште на песок, што функционира во рамки на Градската плажа „Парк“ се пуштени во функција.

igraliste-pesok500Спортските терени на плажите, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.

Град Скопје информира дека сите заинтересирани граѓани, рекреативци, ученици, студенти, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на игралиштата покрај кејот на реката Вардар.

Закажување на термините може да се направи на телефонските броеви  3297 – 238 и 3297 – 320, секој работен ден до 16:30 часот, или пак директно на игралиштата во овој период. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1