Почната процедурата за Јохан во март да се врати – Адвокатите го поднеле барањето


Адвокатите на Јохан Тарчуловски ја започнаа постапката за негово предвремено пуштање на слобода

vesti-seveningensmkТарчуловски, кој ја издржува казната во германскиот затвор Дијаз, во март ќе отслужи осум години или две третини од дванаесетгодишната затворска казна поради настаните од август 2001 година во скопско Љуботен.

Неговиот адвокат Антонио Апостолски информира дека од страна на Управата на затворот Дијаз е поднесено барање до германското Министерство за правда за предвремено пуштање на слобода на Јохан Тарчуловски кое со целкупната документација ќе биде доставено до Хашкиот трибунал. По што Хашкиот трибунал треба да се произнесе за барањето за предвремено пуштање на слобода, вели Апостолски.

Тој верува дека Хашкото обвинителство ќе го уважи барањето и Тарчуловски наскоро ќе биде меѓу своите во Македонија.

– Со оглед на судската пракса на Хашкиот трибунал сметаме дека ќе биде уважено барањето на Јохан Тарчуловски и ќе биде предвремено пуштен на слобода со тоа што казната од 12 години затвор ќе му биде намалена на 8 години затвор, истакнува Апостолски

Извор – Прес 24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1