Изградбата на рускиот гасовод „Турски тек“ ќе започне во првата половина од јуни со поставување на првите цевки од гасоводот во плитките води на црното море кон Турција.
Заменик-претседателот на управниот одбор на Газпром Виталиј Маркелов прецизираше дека во почетокот два брода ќе бидат ангажирани за поставување на цевките, и дека првите цевки ќе ги стави италијанската компанија Саипем, пренесува руската агенција Тас.
Сите цевки што беа нарачани за проектот „Јужен тек“ ќе бидат искористени за „Турскиот тек“, рече членот на управниот одбор на Газпром Олег Аксјутин и додаде дека дел од цевките е веќе произведен и дека се чуваат на специјални места.