Почнува изградба на Турски тек – ќе ги искористат цевките што беа наменети за Јужен ток


Изградбата на рускиот гасовод „Турски тек“ ќе започне во првата половина од јуни со поставување на првите цевки од гасоводот во плитките води на црното море кон Турција.gas_1

Заменик-претседателот на управниот одбор на Газпром Виталиј Маркелов прецизираше дека во почетокот два брода ќе бидат ангажирани за поставување на цевките, и дека првите цевки ќе ги стави италијанската компанија Саипем, пренесува руската агенција Тас.

Сите цевки што беа нарачани за проектот „Јужен тек“ ќе бидат искористени за „Турскиот тек“, рече членот на управниот одбор на Газпром Олег Аксјутин и додаде дека дел од цевките е веќе произведен и дека се чуваат на специјални места.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1