Водете сметка: Во Македонија лани 72 лица починале од рак на кожа – како да препознаете меланом


Во Р.Македонија во 2013 година од меланом умреле 72 лица со стапка од 3.5 на 100 000 жители, од кои 40 се мажи, а 32 се жени. Стапката на умрени мажи изнесува 3.9 на 100 000 мажи, а стапката на умрени жени 3.1 на 100 000 жени. Сите 72 умрени лица, се на возраст над 29 години.

Меланомот е најсериозниот, најмалигниот карцином на кожата и слузниците. Се шири многу брзо по лимфен и крвен пат во другите делови на телото и тогаш неговото лекување е потешко, a исходот може да биде и фатален.

Најчесто, по боја, меланомите се кафени или црни, но понекогаш може да бидат со боја на кожата, црвена, розевкаста, сина или бела.

bemki rak

Меланомите најчесто настануваат од веќе постоечки младежи, а помалку директно од кожата. Ризик за настанување на меланомот постои и кај таканаречените обични младежи ако повеќе пати се трауматизирани односно ако се на локализација на која постојано се изложени на триење (каифчиња на градник, копче, каиш, раб на алишта, за време на бричење итн.) Се разликуваат четири  подтипа на меланом: меланом со површинско ширење, со нодуларно ширење, lentigo maligna и акрален лентигинозен меланом.bemka1-300x171 (1)

Меланомот може да се појави на сите делови на телото, како на деловите кои се константно изложени на сонце, така и на деловите кои се заштитени со облека. Кај мажите меланомот се појавува најчесто на трупот, додека кај жените, најчесто се јавува на грбот и на нозете. Подтипот на малигнитетот  може да влијае каде туморот ќе се развива; lentigo меланомот е почест на лицето, додека акралниот лентигинозен меланом е почест на дланките, стапалата или на ноктите.

Меланомот во последните пет години е на листата на најчести малигни заболувања. Во Европа жените заболуваат од меланом почесто од мажите. Меланомот најчесто настанува во педесетите години од животот освен lentigo maligna меланомот – тип на меланом кој воглавно се јавува во седмата деценија од животот, најчесто на кожа која долготрајно е изложена на сонце (лице, раце). Меланомот во последните години се почесто се појавува кај помладата популација на возраст меѓу 25 и 44 години, многу ретко во пубертет.

Кои се причините (ризик фактори) за појава на меланом?

Фактори на ризик за појава на меланомот:

– прекумерно (неконтролирано) изложување на сонце, односно ултравиолетово зрачење (професија или хоби)

–   пигментираност на кожата, односно лица со светла кожа

–   возрасни над 50 години

–   лица со над 50 бемки

–   меланом во фамилијата

–   личен податок за меланом

–   изгоретини од сонце

–   интензивно сончање во краток временски период (на одмор), или „викенд“ сончање

–   користење на солариум

–   зрачна терапија

–   ослабен имунитет  од хемотерапија, по трансплантација на органи, кај ХИВ/СИДА болни.

Како да се препознае опасноста и на кои знаци треба да внимавате?

Ризикот од развој на карцином на кожа е често поврзан со нашите гени. Сите индивидуи кои знаат за случаи на заболени од карцином на кожа во своето семејство и имаат тип на кожа која носи поголем ризик за развој на истиот треба да превземат мерки на претпазливост и еднаш годишно да одат на преглед кај дерматолог. Меланомот често не се препознава на прв поглед бидејќи тешко се разликува од обичните бемки или други бенигни тумори.

За поставување рана дијагноза на меланом се користи правилото А-B-C-D-E. Промената е сомнителна ако е асиметрична (А),  нема јасни граници (B) , ако се менува бојата (C), и ако пречникот е поголем од 6 мм (D). Еволуција (Е), (исто така – елевација) како што се промена на боја, големина, облик, површина, елевација и симптоми како што се јадеж или крварење се главни знаци за малигнитет. Исто така, појава на нови промени на здрава кожа кај индивидуи постари од 40 години се сметаат за сомнителни и во тој случај треба да се консултира дерматолог.bemki melanom-3-300x287

Самопреглед на младежи

Направете брз самопреглед со помош на огледало:

mladezi 1Прегледајте го лицето и ушите со помош на огледало. Користете фен за коса за преглед на скалпот.
mladezi 2Прегледајте ги дланките, рацете и ноктите. Со помош на огледало прегледајте ги лактите, пазувите и надлактиците.
mladezi 3Прегледајте ги вратот, стомакот и градите (жените треба добро да го прегледаат делот под дојките).
mladezi 4Со помош на мало огледало во големо огледало прегледајте ги тилот, рамењата, грбот, задникот, задниот дел на бедрата, рацете и ушите.
mladezi 5Во следната положба со помош на огледало прегледајте ја внатрешната страна на бедрата, нозете, табаните, горниот дел на стапалата, ноктите и пределот околу гениталиите.

*Методот го препорачува Фондацијата за борба против рак на кожа (The Skin Cancer Foundation).

Преземено од Институт за јавно здравје на РМ / Zdravstvo24.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1