За новата, четврта сезона од „Игра на троновите“ се зборува дека ќе е уште непредвидлива и возбудлива од претходните сеозни. Оние што се навлечени со нетрпение го очекуваат почетокот.
Американската премиера на четвртата сезона е закажана за недела, а за 24 часа ќе ја гледаме и ние. Ќе се емитува на каналот HBO
Снимањето на четвртата сезона, која има 10 епизоди, почна на 8 јули минатата година во Северна Ирска. Освен таму, се снимаше и во Хрватска, во Дубровник, Сплит.
Автор на книгата не открива каков ќе биде крајот. Кој ќе ја добие играта за престолот, дали Калиси и нејзините змејови, дали Ланистерови или некој сосема трет.
Она што е карактеристично за оваа серија е што нема ниту фиксно позитивни, ниту фиксно негативни ликови – се е испреплетено и во играта за престолот сите имаат и добри и лоши потези.
Авторите се непредвидливи. Нема главен лик. Во првата сезона кога сите помислија дека главен лик ќе е лидерот на кланот од северот, тој беше погубен уште во првите епизоди – сите се изненадија кога сценаристите ги убија и речиси сите од неговиот клан во само една епизода.
На серијата е навлечен и Американскиот претседател – па сценаристите пред секое емитување му ја даваат новата епизода на американскиот претседател Барак Обама за да може да ја види прв.
Голем фан е и Мадона која на својот профил на Фејсбук стави слика во костимот на Дајнерис Таргериен, кој го добила лично од глумицата Емилија Кларк.