Почнува Вевчанскиот карневал 2014


Под мотото „Биди и ти вистински василичар!“ денеска во Вевчани официјално почнува годинашното издание на Вевчанскиот карневал, манифестација позната како спој на паганството и традицијата со која на специфичен начин се одбележуваат настаните што ја одбележаа годината што помина.

vevcaniПреку маските и годинава вевчанци на специфичен начин ќе ја покажат својата дарба за хумор и сатира, а нема да изостанат и традиционалните маски Зет, Невеста и Глупавиот Август.

Предвидени се интересни содржини за посетителите од сите возрасти како што се детско василичарко катче за изработка на маски, натпревари во цепење дрва, тркалање буриња, влечење јаже, но и многу богата музичка програма која ќе се одвива во текот на сите карневалски денови се нештата по кои Вевчански карневал 2014 ќе се разликува од претходните карневали. Акцентот на групните василичарски маски ќе биде ставен не само на политичките случувања туку и на други моменти од културно-забавниот и економскиот живот во Македонија во изминатата година.

Предвидени се и пет точки, односно куќи на гостопримство во кои посетителите ќе можат да вкусат од традиционалните вевчански специјалитети, детско василичарско катче за изработка на маски, натпревари во греано вино и ракија, тркалање буриња, влечење јаже, цепење дрва, промоција на аудио ЦД, изложба на фотографии,  промоција на книга…

Оваа година ќе биде вратен и стариот обичај – ќе биде избрана најдобра групна маска од страна на акредитираните новинари, која ќе биде наградена со буре црвено вино „Вевчанска керв“.

Најавена е музичка програма, најбогата во историјата на карневалот. Поп-рок вечер е предвидена за вечерва на која ќе настапат Ѓоко Танески и Куку Леле, а главни ѕвезди ќе бидат момците од најпопуларниот рок бенд на овие простори, Ван Гог. Новост во музичката програма се дневните акустични свирки кои ќе се случуваат во амфитеатарот. Вечерта на македонски ѕвезди е предвидена за утре – 13 јануари, кога на сцената ќе настапат Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и Ефто Пупиновски.

Главното дефиле на маски ќе се одржи утре, а на 14 јануари со палење на маските ќе биде затворено годинашното издание на манифестацијата.

Карневалот се одржува под покровителство на Владата и Министерството за култура, а е потпомогнат од повеќе компании.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1