Канибали убиваат луѓе во ЦАР, тврдат очевидци


Очевидци тврдат дека во северните делови на главниот град на Централноафриканската Република (ЦАР), Банги има појави на канибализам, при што канибали убиваат локални жители и ги јадат.

kanibal-v– Тоа се сличи пред мои очи во населбата Модуа. Локален муслиман слезе од минибус… и одеднаш го нападнаа едни, го линчуваа и со мачети го исекоа на парчиња. Еден од нив ја грабна отсечената рака, отиде да си купи леб и потоа гризеше – де од раката, де од лебот, изјави 35-годишниот Жан Силвестер Чија.

Друг очевидец на настанот, студентот Ален Гбабобу изјави дека друг убиец ја земал главата на жртвата и „почнал внимателно да ја завиткува, како да ја подготвува за голема гозба“.

Локалната полиција информира дека за време на немирите во земјата во последните неколки седмици, во Банги биле пронајдени неколкумина убиени лица, чии тела биле осакатени.

По неколкунеделните судири, претседателот на ЦАР, Мишеч Џотодија вчера поднесе оставка под меѓународниот притисок, во обид да се стави крај на крвопролевањето во земјата.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1