Почнува зимското сметање на времето


Ноќеска во 3:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија.

-Часот што поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, соопшти Бирото за метрологија.

Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.

Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што, пак, неодамна е усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година. Според предлогот, секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките што сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година.

Македонија го следи процесот и по усвојување на предлог-директивата претстои усогласување на националното законодавтво на РМ и определување на начинот на транспонирање на директивата.

Во Македонија зимското и летното сметање на времето се воведени во 1996 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1