Почнување со работа пред 9 часот е мачење – тврдат научници


Британските експерти за спиење и сон објавија нова студија во која тврдат дека работното време кое почнува пред девет часот наутро за луѓето до 55 години е еднакво на мачење.

Присилување на работниците да работат од девет до 17 часот е исцрпувачко и стресно, и резултира со недостаток на сон, тврди д-р Пол Кели, кој го водел истражувањето.petok rabota

„Не можеме да го промениме нашиот 24-часовен биоритам. Не може да се научите да се разбудувате во одредено време. Вашето тело ќе се хармонизира според сонцето, а вие не сте свесни затоа што за тоа известува хипоталамусот, а не видот. Ова се однесува и на затворите и на болниците, каде луѓето рано ги будат и им даваат храна која не ја сакаат. Лишувањето од сон е мачење“, вели Кели.

Истакнува дека општеството мора да го промени почетокот на работното време како и почетокот на часовите во училиштата за да се ускладат со биоритамот на луѓето. Фирмите кои ги присилуваат работниците да почнат со работа рано на утро го нарушуваат нивниот биоритам и со самото тоа настануваат здравствени проблеми кај вработените.

„Тоа е голем проблем во општеството. Работното време би требало да биде од 10 часот наутро, а од девет дури откако ќе наполните 55 години. Вашиот црн дроб и срцето имаат различни обрасци, а вие ги прислувате да ги менуваат. Тоа е меѓународен проблем. Сите стрдаат, а не мораат“, додава Кели.

Недостатокот на сон дeлува на помнењето и поттикнува користење алкохол и дрога. Предизвикува лутина, анксиозност, фрустрации, импулсивно однесување, дебелеење, висок крвен притисок, стрес и ментални проблеми. Посебно осетлива категорија се младите.

„Децата треба да доаѓаат во училиште околу 11 часот за да бидат наспиени и опуштени. Допуштање на децата подолго да останат во кревет од старт ќе го зголеми резултатот на тестовите за 10 отсто“, тврди Кели.

Помалите деца природно се будат порано, што значи дека децата до десет години може да одат во училишта од 8.30 часот. Но, децата од 16 години, треба да почнуваат со настава во 10 и 11 часот. Кога доволно ќе се наспијат, ќе учат подобро и ќе имаат помалку проблематично однесување.

Во средното училиште „Монкситон“ во Велика Британија, утврдиле дека резултатите на учениците се зголемени од 34 на 50 отсто, откако времето за настава го поместиле од 8.50 на 10 часот.

Министерството за образовние на Велика Британија објави дека училиштата може слободно да го одредуваат времето за почеток на настава.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1