Почина Иво Лауренчиќ – Легенда на маркетингот во Македонија, сопственик на Идеја Плус


Легенда на маркетингот во Македонија. Иво Лауренчиќ е поим за шармер и светски човек. Го живееше својот живот со огромна брзина, живеејќи го својот сон…

По долго и тешко боледување денеска почина Иво Лауренчиќ, легенда на македонскиот и регионалниот маркетинг, претседател и креативен директор на рекламната агенција „Идеја плус“.

ivo2

Во својата кариера Лауренчиќ создал над 300 комуникациски проекти и над 400 видеоформи во филмската и креативната индустрија. Повеќето негови дела добија антологиски карактер и денес се пример за врвни достигнувања.

Во Македонија дошол пред 20 години на покана на тогашниот директор на Пивара Скопје Светозар Јаневски. Тука ја развива маркетинг-агенцијата „Идеја плус“, по урнекот на „Идеја плус“ од Белград која веќе успешно работеше во Србија. Набргу агенцијата стана школа за маркетинг во Македонија.

Завршува Филмска академија во Белград, работи во фото лабораторијата на Тито, ја продолжува својата кариера во тимот кој работи на филмовите „Огледалото на граѓанинот Покорни“ и на „Сервисна станица“, реализирајќи неколку значајни телевизиски проекти. По само четири години работа во Радио Телевизија Белград, многу млад е назначен е за директор на Втората програма. Правичен и секогаш коректен со луѓето со кои работи, незадоволен е од принципот на работа во кој сите се платени исто независно од вложениот труд.  Во тогашниот комунистички систем, самостојно креира систем на наградување според тоа кој колку работи, Природно за тоа време, Работничкиот совет носи одлука за негова смена. Ваквиот пристап кон луѓето и кон соработниците во текот на неговата професионална кариера, секогаш остана ист. Професионалниот труд вреди и треба да се награди, често повторуваше.

По неговата смена од местото директор на Втората програма на РТВ Белград, Лауренчиќ ја продолжува својата кариера како слободен филмски уметник, снимајќи документарци и работејќи како помошник – режисер, меѓу другото, на проектите „Венецот на Петрија“, „Мајстори, мајстори“, „Сивиот дом“, „Грлом у Јагоде“… заедно со тогашната плејада на филмски работници.

Серијата документарци за јадранските острови „Илјада камени бродови“ кои и денес имаат култен документаристички статус, може со право да се нарече негово антологиско дело. Велеше „Мојата идеја е секој остров да има своја приказна, раскажана низ животот на обичниот човек“.  Серијалот тогаш го купија речиси 150 телевизии во светот. Карактеристично во неговиот израз, беше естетиката на деталите и нивна визуелизација. Овој правец остана запишан во учебниците по режија.

ivo

Со негов потпис беше и видео изразот за последната песна на Евровизија во поранешна Југославија, која во 1990 се одржа во Загреб. Зад тогаш популарната Тајчи и целата еуфорија што се случуваше околу евровизиското шоу стоеше и  Иво Лауренчиќ.

Додека работи на сите овие проекти го усовршува својот сенс за маркетинг – како комерцијалниот, така и политичкиот.

Во Македонија доаѓа сосема случајно пред 20 години на покана на тогашниот директор на Пивара Скопје Г-динот Светозар Јаневски, во периодот кога Пивара Скопје станува дел од глобалните Хајнекен и Кока Кола. Под слоганот „Боите на мојата земја“ и „Скопско и се е можно“, Скопско стана бренд и македонска гордост. Паралелно со развојот на Скопско, Лауренчиќ ја развива маркетинг агенцијата „Идеа плус“, по урнекот на „Идеа плус“ од Белград која веќе успешно работеше во Србија.  Набрзо Агенција “Идеа Плус“ Скопје стана школа за маркетинг во Македонија, факт на кој Иво Лауренчиќ беше особено горд, бидејќи сакаше да ги поттикнува младите на креативност, знаење и самодоверба.

13052013175724_ivo laurencic

Ја сакаше Македонија и нејзната душа, така и го создаде еден од првите филмови по нејзиното осамостојување „Ден во Македонија“. Не глумеше  дека не знае да зборува македонски но го осмсли и реализираше серијалот од  1060 емисии „Говорете Македонски“ за Македонската државна телевизија.  Беше и креатор и реализатор на кампањата за промоција и зачувување на македонското кирилично писмо „Додека пишувам на кирилица постојаm“. Токму оваа кампања доби прва награда на фестивалот ФЕСТО во Хрватска.

Развојот на политичкиот плурализам во регионот е нераскинлив дел од активностите на Лауренчиќ. Првите професионални политички кампањи изработени во Македонија беа со потписот на Иво Лауренчиќ.  И не само во Македонија туку и во Црна Гора, Србија, Хрватска, Република Српска… Искуствата од политичкиот маркетинг, заедно со неговиот тим на соработници, го преточи во книгата  „Потрага по глас“, превдена на српски и македонски јазик, со каталогизација во библиотеката во Вашинтон.

Неговата посветеност и ентузијазам во тоа што го работеше беа интензивни во текот на целата негова професионална кариера, со истата енргија и жар, како и на почетокот. Добитник е на две награди за Животно дело, една во Србија во 2004 година од „Здружението на економските пропагандисти“ основано во 1960 година, и една во Македонија во 2011 та  на манифестацијата „Златна Буба мара на популарноста“

Неговите дела несомнено ќе останат инспирација за многу генерации, а тие што го познаваа и што имаа чест да работат со него ќе раскажуваат за неговата неисцрпна енергија, ентузијазам и посветеност.

Човекот што се плашеше од просечност, никогаш и во ништо не беше просечен. Веруваше во луѓето и секогаш велеше дека мора да им се прости на сите и да се продолжи. Секогаш сакаше да ја види само добрата страна на секој човек, а за него секој човек беше добар.

Комеморативната седница ќе се одржи во среда на 15.05.2013 во 11.00 часот во Едукативниот центар М6 во Скопје. Погребот ќе биде извршен на градските гробишта Бутел, истиот ден во 13.00 часот.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1