– Се води истрага против двајца високи претставници на власта по дојава од граѓани за корупција, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на панел дебата на Самитот Македонија 2025.
– Доколку ние ги фокусираме нашите напори да ја искорениме корупцијата, овој чекор ќе биде силен ветер во грб за целото општество. Но, исто така, транспарентноста е многу важна. Ова го кажувам прв пат, јас постојано ги охрабрувам граѓаните на нашето општество да пријавуваат потенцијални случаи на корупција, и како резултат на тоа во моментов се води истрага по овие дојави за двајца високи претставници на власта кои се на должност неколку месеци, рече Заев на панел дискусијата „Што научивме и како да ги применуваме најдобрите практики во Македонија и регионот“.
Се разбира, наведе Заев, ова е само истрага и не може да се откриваат повеќе детали.
– Со ова сакам да кажам дека законот мора да важи подеднакво за сите, рече премиерот Зоран Заев.
Се води истрага за двајца високи претставници на власта, а не за двајца членови на Владата, ја појаснија од прес службата на Владата, вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев на Самитот Макеоднија 2025, која побуди огромен изнтерес во јавноста, за кого станува збор.