Вчера во 09,00 часот од страна на вработен во Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Виетнамска“ во Скопје имало починато новороденче, родено пред три дена.
По кажување на мајката Ѓ.С. бебето било родено пред три дена во Гинеколошко акушерска клиника “Мајка Тереза“ и истиот ден околу 08,30 часот забележала дека со бебето нешто не било во ред и повикала Итна медицинска помош.
Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција.