ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА СИ ГИ УБИЛ ДЕЦАТА: Уапсен македонскиот почесен конзул во Барселона


Почесниот конзул на Македонија во Барселона, Марио Деус е уапсен во Јужна Африка како осомничен за убиство на неговите две деца, тригодишни близнаци, објавија шпанските медиуми.

Според информациите од полицијата во Јужна Африка, мајката на децата која била шведска државјанка, ги нашла телата во летната резиденција на Марио Деус во близина на Кејп Таун, соопшти портпаролот на полицијата.barselona

Кога мајката пристигнала во семејната вила, осомничениот убиец избегал со нејзиниот автомобил, но подоцна бил уапсен во Кејп Таун.

„Истрагата сè уште не соопштува која е причината за убиството и под кои околности е извршено.

Медиумите јавуваат дека Деус е обвинет по две точки, за убиство и кражба на автомобил и наскоро ќе се појави во суд.

По написите во одредени медиуми дека во Јужна Африка е уапсен почесниот конзул на Македонија во Барселона, Марио Деус, македонското МНР соопштува дека побарало верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за обвинението за убиство на своите две деца.

Како што пишуваат медиумите, мајката на децата која била шведска државјанка, ги нашла телата во летната резиденција на Марио Деус во близина на Кејп Таун, а кога пристигнала во семејната вила, осомничениот убиец избегал со нејзиниот автомобил.

По добивање на соодветните информации, ќе бидат разгледани опциите за одземање, односно задржување на неговиот статус Почесен конзул на РМ во Кралството Шпанија.

Тој е назначен за конзул на Македонија во Барселона на 6 декември 2012 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1