Подарете нешто – денеска е празник на родителите на Богородица


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 септември, ден кога се празнуваат светите праведни богоотци Јоаким и Ана, родителите на Пресвета Богородица.

Именден празнуваат: Ана, Јана, Јаника…joakim-i-ana

Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник. Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено. Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаа длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години.

Овој празник меѓу народот се смета за полесен, па во некои краишта (Гевгелиско) не работеле само жените.

Овој ден е посветен на добротворството и мисионерството и според верувањето денеска треба да се подари нешто. Бидете милостиви, но не со гордост и надменост туку со смиреност и почит кон оној на кого се подарува. Доблеста не е доблест, ако тоа се меша со гревот, како што се млекото не е млеко, кога се меша со гас или оцет, поучува црквата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1