Под влијание на изразено јужно струење во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе дува засилен југоисточен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во недела брзината на ветерот повремено ќе достигнува до 70 км/час, а во понеделник на моменти ќе надминува и 90 км/час. Ветерот ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјава.
Инаку викендов се очекува времето да биде стабилно и релативно топло. Во понеделник кон крајот на денот и во вторник ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.