Подгответе се: Овој викенд доаѓа „крајот на светот“


Многу пати досега го чекавме „крајот на светот“, но не го дочекавме.

kraj-na-svetot1-260x172Сега кружат нови приказни, кои започнаа од британските медиуми – почнаа да ја шират приказната за апокалипсата која треба да се случи на 22 февруари.

Имено, според нордиската митологија, на 22 февруари започнува Рагнарок или крајот на светот, а според легендата, Сонцето и Месечината ќе исчезнат и во светот ќе завладее вечна темнина.

Тврдењата се дека на 22 февруари ќе бидеме сведоци на почетокот на крајот.

Даниела Даглан во изјава за Daily Mail вели дека се укажува на тоа дека викиншката легенда би можела да се оствари.

Интересно е да се спомене и тоа дека апокалипсата се поклопува со последниот ден, 30-ти по ред, на викиншкиот фестивал „Јорвик“, на кој Даглан е директорка и кој се одржува во Јорк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1