Финска е поборник за опстанок на еврото, но можеби ЕУ би функционирала подобро без заедничката валута, порача шефот на финската дипломатија Ерки Туомиоја.
Министерот за надворешни работи ги предупреди членките на еврозоната да се подготват за крах на заедничката европска валута. Туомиоја исто така додаде дека Финска навива за опстанок на еврото, но и дека Европската унија е во мошне нестабилна ситуација во која секоја земја би требало да се подготви за налошото, секое поинакво однесување според него би било неодговорно.
Рецесија им се заканува на се повеќе членки на Европската унија, особено поради должничките проблеми во еврозоната. Претходно финскиот министер за Дејли телеграф изјави дека еврозоната мора отворено да се соочи со можноста за пропаѓање на еврото, истакнувајќи ја можноста дека ЕУ ќе функционира подобро без заедничката валута.