Земањето антибиотици може да ве здебели и разболи


научниците веруваат дека прекумерното и пречесто препишување на антибиотик може да ги избрише бактериите во стомакот и да предизвика автоимуни заболувања како што е егземата.

Пред две години кинескиот микробиолог д-р Жао Липинг на една конференција во  САД откри дека ослабнал 19 килограми само со јадење кинески јам п.п (кинеска репка или сладок компир) и диња. Според него оваа храна има благотворно влијание врз бактериите во цревата. Но, она што луѓето го прават наместо да се свртат кон природата се лековите. Според него сите бактерии кои ги имаме во телото треба да постојат во него, а за да се зачуваат мора да се прави рамнотежа со користење на овошје и зеленчук, а не антибиотици.

Со години лекарите и во светот, а последно време и кај нас предупредуваат да не се препишуваат антибиотици дури и за кашлица и настинка. Тие не само што немаат ефект на ваквиот вид вируси туку и предизвикуваат отпорност, па кога навистина ќе треба да се пијат за некоја посериозна болест,нема да делуваат.

Покрај тоа, научниците веруваат дека прекумерното и пречесто препишување на антибиотик може да ги избрише бактериите во стомакот и да предизвика автоимуни заболувања како што е егземата.
“Има многу докази дека различните видови храна може да ги поттикнат позитивните промени во цревната флора,” вели д-р Жао Липинг кој јадел кинески Јам и диња како лек за дијабетес и дебелина за време на Императорот.

Благодарение на овие две состојќи, тој не само што ослабнал, туку му се регулирал и крвниот притисок, а холестеролот се вратил во нормалата.


Во своите истражувања во лабораторија во Академијата за земјоделски науки во Таијуан, Кина вклучил над 100 дебели млади луѓе кои во рок од девет недели и пробиотска исхрана изгубиле речиси 7 килограми. Според овој кинески истражувач земањето на корисни бактерии познати како пробиотици – може да ја спречи или лекува било која болест.

Според нив ако „пријателските“ бактерии може да влијаат позитивно на тежината, отпорноста на инфекции и силата на човекот кога почнува да старее, можеби барањето совршена бактерија може да донесе големи придобивки за човештвото.
Професорот Џереми Николсон, истражувач на Кралскиот колеџ во Лондон вели дека токму стомачните бактерии ослободуваат хемикалии кои можат да ги вклучат човечките гени за нивно добро.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1