Поднесен Предлог-закон за необјавување на прислушуваните разговори


ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа Предлог-закон за престанување на објавувањето на аудио снимките од прислушуваните разговори.

Законот бил идеја на ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ ја поддржала. sobranie_RM

Ваквото законско решение било договорено на лидерска средба во присуство на странските претставници, поточно кога се договорал Законот за специјален обвинител.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ја потврди информацијата и вели дека со предлог-законот всушност се доработува веќе постоечка материја за оваа проблематика.

Целта е, посочува тој, да се избегнат евентуални уцени, закани и притисоци врз граѓани кои би можеле да произлезат од прислушуваните разговори.

Сега, додава Димовски, има формирано орган кој би можел да постапува по евентуални вакви случаи односно формирано е специјално обвинителство.

Засега нема информација кога Предлог-законот ќе биде на собраниска седница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1