Ова се најдобрите стрипови – меѓу наградените и Македонци


Управниот одбор на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, ги прогласи најдобрите стрипови на Интернационалниот конкурс кој традиционално го распишува тринаесетта година по ред. Одговорноста годинава сигурно била поголема од било кога поради досега рекордниот број на учесници и пристигнати дела – 228 стрипа од 48 држави во светот.12087452_1115854388442735_957388554_n

Гран-прито „Златен стрип“ му припадна на тимот Дан Лајос (Романија), Аљоша Томиќ (Србија) и Марко Стојановиќ (Србија). Второто место, пак, го поделија Марија Конопатова (Русија) и тандемот Навид Булбулија (БиХ) и Адмир Хаџимуртезиќ (БиХ).

Иако нивниот број не е голем, меѓу наградените има и неколку македонски стрип-автори. Третото место им припадна на Јована Велинова и Александар Стеванов од Штип, кои заедно со Анастасија Великанова од Русија учествуваа на конкурсот со стрипот „Девојка од сништата“.

Трето место исто така освои тандемот Игор Крстиќ (Србија) и Ненад Пејчиќ (Србија). За најдобар дебитант е прогласена Александра Најдовска од Демир Хисар, а Никола Димов од Скопје се закити со признанието за најдобар во категоријата од 14 години.

За најдобар сценарист е прогласена Кирси Салонен од Финска, која минатата година освои второ место на истиот конкурс. Најдобар илустратор е Иван Стојановиќ – Фики (Србија).

Наградите ќе им бидат врачени на победниците на Стрип салонот кој во Велес ќе се одржи од 16 до 18, овој месец.

1 ва награда ЗЛАТЕН СТРИП

Dan Lajos (Романија) ,Аљоша Томиќ(колор) Марко Стојановиќ(сценарио) 2 ра награда

Navid Bulbulija –цртеж(Босна и Херцеговина) Admir Hadzimurtezic сценарио(Босна и Херцеговина)

Марија Конопатова(Русија)

3 Награда

Игор Крстиќ-цртеж и колор(Србија)и Ненад Пејчиќ-сценарио(Србија)

Анастасија Великанова-туш и колор(Русија) , Јована Велинова(молив) (Македонија) Александар Стеванов –сценарио(Македонија)

Специјална награда од Стрип центар на Македонија

Ана Тановиќ-цртеж(Србија) и Ивица Тановиќ- сценарио(Србија)

Специјална награда од Стрип центар на Македонија

Stepanka Jislova (Чешка)

Награда за најдобар цртеж

Иван Стојановиќ Фики (Србија)

Награда за најдобро сценарио

Kirsi Salonen (Финска)

Најдобар автор до 18 г

Brenio Qose-Албанија

Награда за дебитантски стрип

Александра Најдова (Демир Хисар, Македонија)

Награда за најмлад учесник

Димитрије Митиќ(Лесковац ,Србија) 8 години

Награда за автор до 14 г

Никола Димов (Скопје, Македонија)

Вкупно пријавено 228 дела од 42 земји

Благодарници за соработка:

Лесковачка школа стрипа „Никола Митровиќ-Кокан“- Србија

Рашка школа стрипа-Рашка ,Србија

THUMBI –Kosovo Cartoon Association, Pristina

ООУ„ Васил Главинов“ –Велес, Македонија

ООУ„ Рајко Жинзифов“ с.Оризари, Велес, Македонија

 

Александар Стеванов

Александар Стеванов

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1