Бил мртов 67 дена, а потоа оживеал – целиот Балкан зборува за него


Влегов во свет кој не ми беше јасен. Бев во соба, а не бев во соба. Како сон кој долго трае неможам да се сетам на деталите – рекол Јосип.

На Јосип Кокез ученик во средното Електротехничко училиште во Сплит, му застанало срцето и бил во кома 67 дена. Денот кога му се случило тоа, го променило во целост неговиот живот.02-43-LinusHospitalOxygen_thumb_medium500_334
Пред пет години кога имал 17 години, во теретана дигал тегови потешки од 100 килограми, потоа заминал на доручек и пешки заминал на училиште иако неговиот татко сакал да го префрли. Додека седел на час и прибирал забелешки, го спуштил пенкалот, погледнал околу училницата и буквално се срушил на клупата.
Оваа несреќа се случила на 16 ноември 2010 година а брзата помош стигнала за 7 минути. Јосип изгубил свест, а лекарите пробувале да го оживеат. Во училиштето дошол неговиот татко кој ја следел борбата за живот на сопственото дете. Срцето на пат до болница престанало да работи уште еднаш, но лекарите сепак успеале повторно да го вратат во живот.
На оделението за интензивно лекување на деца во Сплит не рендген е забележано зголемување на сцеата сенка. Веднаш откако е примен Јосип бил под седативи, во кома.
– Јас влегував во собата како да е тука, како само да спие. Иако сите знаевме дека воошто не е свесен – раскажува неговата мајка Анита.
Професорот Ведран Делетис, на родителите на Јосип го претставил методот на вградување неуростимулатор во мозокот со кој ќе се обидат да го разбудат. Иако не знаеле за што точно се работи, родителите сакале да се обидат на било кој начин да го разбудат својот син и дале одобрение.
По 67 дена, прв пат Јосип се разбудил. Брзината со која реагирал ги зачудило сите околу себе, и лекарите и родителите. Сепак не можел сам да ја држи главата, нозете и рацете му виселе бидејќи мускулте целосно му пропаднале.
– Последно се сеќавам бев во Сплит. Кога се разбудив бев во Загреб во болница. Не знаев кај сум и што ми се случило. На ништо не се сеќавам – рекол Јосип.
Неговото опоравување продолжило со помош на нутриционисти и секојдневни физикални терапии. На својот 18 годишен роденден тој прв пат се вратил во Сплит.
– Влегов во свет кој не ми беше јасен. Бев во соба, а не бев во соба. Како сон кој долго трае неможам да се сетам на деталите – рекол Јосип.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1