Трагедија: Медицинска сестра сфатила дека пациентот на смртната постела е нејзиниот брат


Џенифер Медина била медицинска сестра во Калифорнија кога во нивната клиника бил донесен пациент во тешка состојба. Лицето му било непрепознатливо

Цезар Андреас Медина бил жртва на несовесен возач додека возел скејтборд. Автомобилот го удрил, а потоа сопственикот на возилото продолжил понатаму без да му пружи прва помош. Итно е пренесен во болницата Мишн во која работела неговата сестра.patientnurse

Таа се грижела за останатите пациенти кога нејзиниот колега влегол во собата и викнал: „Имаме итен случај, носат некој кој е во многу лоша состојба“.

Жената веднаш тргнала во пресрет на пациентот кој бил на носилки. Лицето му било облиено со крв.

Некој рекол да се побара личната карта на пациентот и видела дека паричникот и е познат. Кога од него го вадела документот – видела слика. Станувало збор за нејзиниот брат.

-Целиот свет ми се сруши. Повредите беа толку тешки што не преживеа. Единствено знаев дека сакав да се опростам од Цезар, открила жената.

Полицијата го уапсила Ендру Мајклс (19) под обвинение дека со својот автомобил го убил човекот и побегнал од местото на несреќата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1