Поднесена пријава против возачот на џипот кој го уби Иван – еве за што ќе одговара


Јавното обвинителство поднело кривична пријава против дваесетгодишниот Џенис Мекиќ кој пред десетина дена го прегази шеснаесетгодишниот Иван Белински, објави “Вечер”.

Тој ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот, а ова го потврди и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Како што дознаваме на Мекиќ не му е одреден притвор само затоа што тоа не е пракса за овој тип на кривични дела. Инаку истрагата сеуште трае, а од Обвинителството не откриваат дали и какви резултати се добиени од вештачењата на возилото и наодите од крвта и урината на возачот.soob-dete1

– Можам да ви потврдам дека пријавата веќе е поднесена и возачот ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот. Истрагата почна уште во моментот кога увид на местото на незгодата изврши јавен обвинител и таа сеуште трае. На возачот не му е одреден притвор, изјави Зврлевски.

Трагичниот настан се случи пред десетина дена, на 15 ноември околу 20 часот, на булеварот Иво Лола Рибар кога Мекиќ управувајќи џип “туарег”, сопственост на негов пријател, налета на Белински кој минувал на пешачки премин. Од јачината на ударот Блински бил буквално однесен и паднал по дваесетина метри, во близина на Католичката црква. И покрај лекарските напорти тој почина неколку часа подоцна.

Иако МВР тоа не го потврди сведоците на кобниот настан потврдија дека Мекиќ возел со огромна брзина по булеварот, а на местото воопшто немаше траги на кочење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1