Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе работи до 19 часот со цел сите осигуреници кои немаат поднесено барање за издавање електронска здравствена картичка (ЕЗК) тоа да можат го сторат и во попладневните часови.
Барањата за издавање ЕЗК осигурениците може да ги доставуваат до Подрачната служба за Фондот, на истурените шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир, како и во дополнителните четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто, каде има одговорно лице од ФЗОМ за прием на документацијата.
ФЗОМ ги повикува и сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање ЕЗК тоа да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ.
Законската регулатива предвидува сите осигуреници да имаат ЕЗК заклучно со 30 јуни годинава.