“Подравка” ја повлекува и детската храна “Лино фрутолино”


Хрватската компанија Подравка, на барање на санитранта инспекција привремено го повлече производот Лино Фрутолино поради додатни анализи.

01_620x0Како што пренесува Танјуг, се работи за производот Лино фрутолино од 200 грама, со рок на употреба до 22 мај 2014 година.

–   Поради мерки на претпазливост и вршење на дополнителни анализи на производот, Подравка, по препорака на санитарниот инспекторат донесе одлука за привремено повлекување на производот лино фрутолино од 200 грама, серија 22052013 употребливо до 22 мај 2014 кој е дистрибуиран исклучиво на хрватскиот пазар – стои во соопштението.

Компанијата наведува дека иако лабараторијата на Подравка за контрола на квалитетот утврдила дека производот е потполно во ред, одлулила во склад со својата политика на безбедност на храна и квалитет, повремено да го повлече производот од споменатата серија за да направи дополнителни анализи.

Пред неколку дена оваа компанија повлече серија од Ева сардините со лук и магдонос кои не се продаваа на македонскиот пазар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1