Поевтини музиката за свадби – одземена лиценцата на Македонска музичка индустрија (ММИ)


Угостителите, трговците, ТВ станиците и сите други кои во својата дејност користат музика, од први јануари имаат една давачка помалку. Од почетокот на годината повеќе нема да се плаќа надоместок за фонограми (пуштање на снимена музика)

Организацијата за колективно управување на авторските права Македонска музичка индустрија (ММИ) на својата веб-страница го објави Решението со кое Министерството за култура на РМ и ја одзема лиценцата, кое стапи во сила од 1 јануари 2016 година.Screenshot_280

– Причината поради која е донесена таквата одлука е објавата на министерот за култура во медиумите, посебно изјавата дека организацијата во 2014 година има потрошено 81,5 проценти од прибраните парични средства, повеќе од законски дозволениот лимит од 15 прценти, притоа не наведувајќи колкав е тој износ и за што се потрошени тие средства. И покрај тоа, ММИ  ја изврши распределбата на прибраните средства за 2013 и 2014 година кон сите носители на права кои се регистрирале и кои ги имаа пријавено своите снимки во базата на ММИ заклучно со 31 декември 2014 година, стои на официјалниот сајт на ММИ – здружение на граѓани кое е формирано во 1998 година со цел колективно да ги остварува правата на фонограмските продуценти.

Министерството за култура на 31 декември 2015 соопшти дека била одржана средба меѓу министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска и претседателите на здруженијата за заштита на авторски музички права.

На средбата, како што беше соопштено од Министерството за култура, било разговарано за актуелните состојби и потребата од изнаоѓање на прифатливо решение кое ќе биде во интерес на авторите и корисниците односно радио и телевизиските организации, а истовремено, ќе биде во функција на остварување на јавниот интерес во областа на музиката.

На состанокот било договорено почнувајќи од 4 јануари 2016 година во рок од 15 дена работни групи составени од претставници на Министерство за култура, Министерството за информатичко општество и администрација и на здруженијата за заштита на авторски музички права, да работат на утврдување на текстот на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, предложен од страна на здруженијата.

– Договорено е здружението ЗАМП, забраната за емитување авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП да ја стави во мирување до 20 јануари 2016 година. Договорено е ЗАМП да ги извести странските организации за колективно управување со авторските музички права (ХДСЗАМП- Хрватска и СОКОЈ – Србија), како и радио-телевизиските организации во Република Македонија, соопшти Министерството за култура во четвртокот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1