Поевтини СМС пораки од ноември – можно е и до 50 % поевтинување


Пониски цени на СМС пораките за 50 проценти од 1 ноември годинава и намалување на големопродажните цени за терминација меѓу мобилните оператори, што треба да влијаат на намалување на износот на малопродажните цени, најавува директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски.

SMS– Големопродажната цена моментно е 2 денара, а до петок ќе ја имаме новата цена  што ќе ја добиеме врз основа на нашиот модел. На крајот на октомври ќе ја усвоиме цената Значи ако се заврши целата работа до крајот на октомври од 1 ноември ќе стартуваат и новите цени за СМС кои очекуваме да бидат и за 50 проценти пониски од сегашните. Горната рамка ни е 50  проценти намалување, а долната ќе видиме, изјави денеска Орданоски.

Прв и најзначаен ефект од регулативната мерка, појасни, е малопродажните цени за граѓаните да се намалат кај сите три мобилни  оператори, но во блиска иднина и да се изедначат  цените во мрежата на сопствениот  оператор, но и во мрежата на другиот оператор.

– Така ќе може  со еднаква цена да се бираат корисници, пријатели, роднини… и во мрежата  на својот оператор и во мрежата на останатите два оператора и да не користат  по два или три телефони во секојдневната комуникација, туку да имаат  еден телефон со еднакви цени кон сите оператори, изјави Орданоски.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1